Државниот секретар на САД Џон Кери денеска во Сенатот на САД изјави дека изјавите на властите на РФ за отсуство на руско оружје и војска на истокот на Украина не соодветствуваат на реалноста, соопшти Ројтерс.
„Тие лажат“, рече Кери, одговарајќи на прашањето на еден од сенаторите кој праша дали се вистинити зборовите на претставници на Москва кои тврдат дека руска војска и оружје нема на истокот на Украина. Според зборовите на државниот секретар на САД, „Русија врши пропагандна дејност од најголеми размери од времето на студената војна“.
Кери исто така соопшти дека претседателот на САД Барак Обама сѐ уште не донел конечна одлука за испорака на оружје за Украина и дека ова прашање како и претходно, се наоѓа во фаза на разгледување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче