„Рособоронекспорт“ лани продаде оружје за 13 милијарди долари

„Рособоронекспорт“ (дел од „Гостех“) за 2014 година продал оружје и воена техника во странство во износ од 13 милијарди долари, соопшти генералниот директор Сергеј Чемезов, а веста ја пренесува РИА Новости.

„Рособоронекспорт“ според резултатите за 2014 година продал оружје и воена техника во странство во износ од 13 милијарди долари, им соопшти на новинарите генералниот директор на државната корпорација „Гостех“ (во која спаѓа и „Рособоронекспорт“) Сергеј Чемезов. Веста ја пренесува РИА Новости.

„Повеќе од 13 милијарди долари, следната година исто така ќе бидат над 13 милијарди долари“, изјави Чемезов, кој пристигна во Абу Даби за учество во изложбата на оружје IDEX-2015. Тој истакна дека во моментов портфолиото на „Рособоронекспорт“ со нарачки од одбранбениот сектор изнесува 38 милијарди долари.

Неговиот заменик Сергеј Гореславски изјави дека санкциите на Западот против Русија ѝ донеле полза на индустријата за оружје.

„Овде, на најголемата на светот изложба IDEX 2015 и на другите претходни изложби ние забележуваме зголемен интерес на партнерите и нарачателите за нашето производство. Ова е последица од примената на политиката на санкции против Русија. И тоа е поволно за нас“, потенцира Гореславски.

Според него, голем број купувачи го сметаат за попривлечно партнерството со Русија отколку со земјите кои ја спроведуваат политиката на санкции.

Изложбата IDEX 2015 се отвори вчера, 22 февруари. Се одржува во Обединетите Арапски Емирати на секои две години, почнувајќи од 1993 година. Вкупниот износ на договорите кои се склучуваат во текот на манифестацијата се брои во стотици милиони долари. Организатор на руската експозиција на изложбата е државната корпорација „Ростех“, а на чело на делегацијата од Русија е министерот за индустрија и трговија Денис Мантуров.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња