Медиуми: Ништо не ги плаши САД толку, колку силна Европа која соработува со Русија

За плодна соработка меѓу Русија и ЕУ пречат САД, пишува австрискиот Контра-Магазин.

За плодна соработка меѓу Русија и ЕУ пречат САД, кои доминираат на европскиот континент веќе над 70 години, пишува австрискиот Контра-Магазин.  

Изданието истакнува дека Русија, безусловно, не претставува закана за ЕУ, меѓутоа САД се обидуваат да го убедат светот во обратното. Од гледна точна на онлајн-магазинот, Русија се стреми кон мир, сепак тоа не им пречи на САД да го прошируваат НАТО и да организираат портокалови револуции во Источна Европа за „принуден прием“ во алијансата.

НАТО повеќе не е одбранбен сојуз, сега тоа е вооружено крило на американската надворешна политика, констатира изданието. Таму, каде што НАТО ја нуди својата заштита, обично сѐ завршува со бунтови, револуции или војни. Европа треба да се замисли дали сака таква „заштита“, пишува понатаму Контра-Магазин.

Медиумот смета дека на САД им одговара само нестабилност која ја има во моментов на континентот. „Ништо не ги плаши САД толку, колку силна, економски доминантна, успешна Европа – конкуренти на САД не се добредојдени“, смета Контра-Магазин.

„Многу неофицијални лица дури и изјавуваа дека САД вложуваат пари за ЕУ да се развие во согласност со нивните желби“, истакнува магазинот. На пример, од гледна точка на изданието, единствената европска валута беше воведена на барање на американските банки кои беа незадоволни од потребата да се справуваат со колебањето на курсовите на валутите на одделни европски земји.

Австрискиот медиум заклучува дека заемно корисната соработка меѓу ЕУ и Русија е гарант за мирен соживот и тоа беше очигледно до украинската криза.

Европа сфати дека солидарноста воопшто не се стимулира од финансиската моќ на САД. На ЕУ не ѝ требаат ни војна, ни понатамошната политика на давање помош на Меѓународниот монетарен фонд. На ЕУ ѝ треба независен развој и САД треба „да го сакаат тоа и да го слушнат тоа“, заклучува Контра-Магазин.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња