ФАЦ: Ако ја напушти еврозоната, Грција ќе најде партнер во Русија

Излезот на Грција од еврозоната може да доведе до сериозно ширење на руското влијание на Балканот, пишува политичкиот колумнист на весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг Николас Бусе.

Излезот на Грција од еврозоната може да доведе до сериозно ширење на руското влијание на Балканот, пишува политичкиот колумнист на весникот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг Николас Бусе.

Тој истакнува дека по напуштањето на еврозоната, Грција може да ги напушти и Шенгенскиот договор и Европската унија. Тоа, од своја страна, ќе посее недоверба меѓу европските земји и ќе го доведе во прашање единството на еврозоната и ЕУ.

„Ова е суштински товар за унијата која се потпира врз партнерство, се истакнува во статијата. Водството на Германија исто така може да настрада доколку биде прогласено за главен виновник за неуспехот на преговорите.“

Најсериозни можат да бидат стратешките последици, смета Бусе. „Ако излезе од европскиот сојуз, клучната земја на Балканот ќе бара нови партнери, пишува тој. Прв кандидат ќе биде Русија, независно од тоа каква влада ќе има во Атина“.

Во таков случај, пишува Бусе, Русија ќе се стекне со непосредно влијание во Егејскиот регион и ќе добие можност „да го изнесе целиот Балкан од западниот кампус“. Зближувањето на Грција и Русија ќе му направи проблеми и на НАТО, истакнува авторот на статијата: за САД веројатно ќе биде потешко да ги зајакнат силите на алијансата во Источна Европа поради отпорот на Атина.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња