Западот призна дека „нема да ја издржи руската воена моќ“, заклучува германскиот магазин Фокус, анализирајќи ги неодамнешните изјави на претставниците на вооружените сили на неколку земји во Европа, како и на САД.
На пример, поранешниот командант на ВВС Велика Британија Мајкл Грејдон ја „шокираше својата земја“ со изјавите дека британските вооружени сили тешко дека ќе можат да се спротивстават на Русија во случај на воен конфликт. Според него, Велика Британија се откажала од „половина од својата сила“ и веќе не е во состојба да се одбрани.
Фокус пишува дека претходно со слични изјави истапувале и претставници на вооружените сили на други земји, особено шведскиот генерал Сверкер Јорансон призна дека вооружените сили на неговата земја се „во многу лоша состојба“ и сами никогаш нема да се спротивстават на „СССР или Русија“.
Германскиот магазин исто така се повикува на изјавите на командантот на силите на НАТО во Европа Филип Бридлав. Тој постави низа прашања поврзани со можноста силите на алијансата „да реагираат на соодветен начин“ на воена закана. Одговорите на тие прашања тој не ги даде, што, од гледна точка на Фокус, ја потенцира неговата неувереност во способностите на НАТО.
Поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, од своја страна, изјавуваше дека се сомнева во можностите Европа сама „да се спротивстави на Русија“. Тоа го објаснуваше со фактот дека Европјаните премногу ги скратиле воените расходи.
На крај, Фокус наведува уште еден пример. Командантот на трупите на САД во Европа, генерал-потполковник Хоџис во своето неодамнешно интервју за Вол Стрит Журнал изјави дека Русија поседува „многу добро вооружување“ и продолжува да го зголемува својот потенцијал. Во споредба со ова, воените расходи на Европа се „анемични“, смета тој.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче