Силуанов: Одлуката за намалување на кредитниот рејтинг на Русија е политички мотивирана

Министерот за финансии на Русија Антон Силуанов одлуката на агенцијата Мудис да го намали кредитниот рејтинг на Русија од Baa3 на неинвестициско ниво ја нарече „исклучително негативна“.

Министерот за финансии на Русија Антон Силуанов одлуката на агенцијата Мудис да  го намали кредитниот рејтинг на Русија од Baa3 на неинвестициско ниво ја нарече „исклучително негативна“. „Сметам дека проценката на Мудис не само што е исклучително негативна, туку се базира на крајно песимистички прогнози кои се без преседан“, изјави министерот.

„Очигледно е дека се игнорирани информациите за состојбата на руската економија, нејзината буџетска и финансиска политика кои ние многу детално ги доставивме до агенцијата. Сметам дека при донесувањето на оваа одлука агенцијата се раководела од фактори со политички карактер“, изјави Силуанов.  

Прес-службата на Министерството за финансии во своето соопштение истакна дека ја смета одлуката за намалување на кредитниот рејтинг на Русија за нереална.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.