Русија води тајна кампања чија цел е да разгори националистички немири во Украина и да ги разниша позициите на киевската влада по серијата воени порази, пишува Бојан Панчевски на страниците на Сандеј Тајмс.
Како што тврдат украински извори, руските тајни служби организираат „нов Мајдан“ и за таа цел тие сакаат да го искористат растечкото незадоволство на општеството од киевската влада, се вели во статијата. Покрај тоа, според воениот план, Кремљ има намера да го сврти своето внимание кон западниот дел на Украина кој традиционално е наклонет на Европа, со цел да организира опозиција на Петро Порошенко во градови како Киев и Лавов, смета Бојан Панчевски. Според него, ова операција се одвива паралелно со континуираните воени дејствија на истокот на земјата, каде Москва исто така „го разгорува сепаратистичкото расположение“.
Како што изјави претставник на украинските тајни служби, руското разузнавање многу ефикасно го користи гневот против Порошенко, поттикнувајќи го населението на протести и одвлекувајќи го вниманието на киевската влада од истокот, забележува новинарот.
Според неименувани извори, украинскиот претседател сакал да воведе воена состојба во шест области на Украина, меѓу другото и за да им даде на тајните служби можност да се справат со „тајната руска активност“ на територијата на земјата, потенцира Панчевски.
Во моментов украинската армија претрпува пораз по пораз и одлучно отстапува, се вели во статијата на Сандеј Тајмс. Постои загриженост дека некои од баталјоните што учествуваат во борбите можат да се кренат против Киев.
„Ако владата не успее да ја одбрани земјата и да се избави од корупцијата, ќе ни треба втор Мајдан за да се избавиме од нив. А нашите баталјони би можеле да помогнат во тоа“, изјави извор близок до баталјонот „Азов“.
Истовремено во западните региони расте незадоволството поради непрестајната војна на истокот на Украина, пишува весникот. Така, мнозинството регрути одби да ги прими поканите, додава новинарот.
„Многумина во западните региони на Украина чувствуваат дека се веќе близу до Европа и не сакаат да умираат борејќи се со Русија на исток“, ги цитира авторот зборовите на украинскиот извор. А токму ова расположение Кремљ го користи за да сее револт во Украина, пишува Бојан Панчевски во заклучокот на статијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче