Порошенко повторно покажа „докази“ за присуство на руска војска во Украина

Во текот на денешниот „Марш на достоинството“, посветен на настаните на „Мајдан“ од 2014 година, Петро Порошенко повторно се обидел да ги убеди своите колеги од ЕУ дека Вооружените сили на Русија се присутни во зоната на конфликтот во Донбас, пренесува РИА Новости.

Денеска во Киев се одржа таканаречениот Марш на достоинството, посветен на трагичните настани на „Мајдан“ од 2014 година. Според информациите на медиумите, учествувале некои лидери на земји од ЕУ – претседателите на Полска Бронислав Коморовски, Литванија Далиа Грибаускаите и Словачка Андреј Киска, како и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, пренесува РИА Новости.

Во текот на манифестацијата претседателот Петро Порошенко повторно се обидел да ги убеди своите странски колеги дека Вооружените сили на Русија се присутни во зоната на конфликтот во Донбас.

Меѓу „несоборливите докази“ овојпат се најдоа неотворена потврда за пратеник на Државната дума на РФ и беџ на службеник на даночната полиција на РФ. Треба да се каже дека оваа руска институција беше укината уште во 2003 година.

Петро Порошенко покажуваше руски пасоши како доказ за руско присуство во Украина и во текот на својот настап на конференцијата за безбедност во Минхен на почетокот на февруари оваа година.

А пред тоа тој донесе на економскиот форум во Давос дел од автобус, во кој загинале цивили откако се нашол под оган.   

Треба да се истакне дека организаторите на „Маршот на достоинството“ во Киев, без оглед на информациите за денешната експлозија и смртта на луѓе во Харков, не ја сменија програмата на манифестацијата. Ова го соопштија претходно од прес-службата на претседателот на Украина.


Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња