Политиколог: Aмериканскиот поредок, за кого Русија е „закана“, веќе не постои

Постојниот светски поредок не постои по распадот на Југославија, а сега Американците само се прикриваат со агресивна реторика против Русија за да ги скријат очигледните грешки на сопствената политика во Украина, смета колумнистот на Strategic Culture Foundation Мелкулангара Бадракумар.

Постојниот светски поредок беше дефинитивно срушен по распадот на Југославија, а сега американските власти само се прикриваат со агресивна реторика на адреса на Русија за да ги скријат очигледните грешки на сопствената политика во Украина, смета колумнистот на аналитичкиот портал Strategic Culture Foundation, поранешен дипломат и политиколог Мелкулангара Бадракумар.

Експертот го споредува конфликтот околу Украина со Кримската војна 1853-1856 година, истакнувајќи дека изворите на конфронтацијата не се на полето на разногласија според важечкиот систем на меѓународните односи и правото, туку доаѓаат од грубите и погрешни стратешки пресметки на водечките држави во светот.

„Ова е важно да се сфати, затоа што, како што забележуваат високопочитуваните британски лордови, Европа влезе во Украина буквално во сомнабулна состојба, додека САД подоцна скокнаа во чамецот обидувајќи се да го реализираат сценариото за паѓање на Јанукович максимално брзо и без да размислат за последиците“, истакнува Бадракумар.

Политикологот го поставува прашањето: дали ќе се претворат погрешните проценки на Вашингтон во тотална војна во Украина? Барак Обама како американски претседател пред сѐ треба да се грижи не за судбината на светскиот поредок, туку да не потпадне под политичката кратковидост на „јастребите“ кои ја изгубиле врската со реалноста, затоа што нивните предлози се насочени единствено кон максимална ескалација на постојните тензии.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.