Сите, освен ЕУ и САД, разбираат колку е профитабилна трговијата со Русија

Земјите кои не се вмешани во судирот меѓу Русија и Западот ги користат предностите кои им ги дава стремежот на Русија да ги прошири меѓународните трговски врски, пишува The Wall Street Journal.

Додека Русија и Западот сѐ повеќе навлегуваат во конфронтација поради украинското прашање, земјите кои не се вмешани во судирот ги користат предностите кои им ги дава стремежот на Русија да ги прошири меѓународните трговски врски, пишува The Wall Street Journal.

Украинската криза испровоцира сериозни промени на светскиот пазар. Така, последниве месеци Кина, Турција и Египет потпишаа со Русија договори за енергетски проекти од голем размер. А Фарските острови – мал архипелаг на северот на Атлантикот меѓу Шкотска и Исланд, кој и покрај тоа што се наоѓа на територијата на Европа, сепак не припаѓа на ЕУ – успеаја да извлечат значителна полза од продажбата на свежа пастрмковидна риба во Русија како резултат на ембаргото од ЕУ. Од септември до декември Фарските острови извезоа во РФ лосос за 79 милиони долари, и ако уште во 2013 година островите заземаа само седум проценти од пазарот на пастрмковидна риба, тогаш последните месеци во 2014 година тој удел порасна на 40 проценти, се вели во статијата.

„Примерот на Фарските острови покажува дека судирот поради Украина се претвори во конфронтација со глобални последици. Тие се изразуваат преку промени на трговските патишта, распаѓање на сојузи, појава на нови победници и губитници на економски план и интензивирање на дебати за вредностите, важни за различни земји“, пишува изданието.

Украинската криза ги принуди Фарските острови кои формално влегуваат во составот на Кралството Данска, но фактички имаат голема автономија, особено во трговската сфера, да се држат до посебна дипломатска линија. По воведувањето на ембаргото за Москва во август 2014 година Фарските острови веднаш изјавија дека тие не влегуваат во составот на Европската унија, што значи дека реципрочните мерки на Русија за нив не важат.

Засега не се знае дали ќе успее раководството на Фарските острови да го зацврсти успехот на рускиот пазар, затоа што и европските и руските власти зборуваат за можно укинување на санкциите и реципрочните мерки за нив, доколку состојбата во Украина се стабилизира. Сепак, како што претпоставуваат Фарските острови, ќе успеат да задржат определен сегмент на рускиот пазар дури и по евентуалната нормализација на односите меѓу РФ и Западот во иднина, забележува изданието. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња