Русија ќе донесе „комплицирана одлука“ доколку Украина не го плати гасот

Русија ќе биде принудена да донесе „комплицирана одлука“ доколку Украина не ја плати испораката на гас во целост, изјави премиерот Дмитриј Медведев, пренесува РИА Новости.

Русија ќе биде принудена да донесе „комплицирана одлука“ доколку Украина не ја плати испораката на гас во целост, изјави премиерот Дмитриј Медведев на состанокот на Советот за безбедност одржан од претседателот Владимир Путин, пренесува РИА Новости.

„Потрошувачите доставија барање за голема количина, но ние ќе дејствуваме во согласност со склучениот договор. Дали се однесува тоа на потрошувачите кои се наоѓаат на територијата на цела Украина или пак во одделни области на Украина, сепак тоа влегува во вкупниот биланс на гас што се испорачува на територијата на Украина. И ние ќе испорачуваме сѐ додека има пари, сметајќи ги, се разбира, и оние количини кои во моментов ги испорачуваме во хуманитарни цели по алтернативна траса во ДНР и ЛНР3, изјави Медведев.

Стенограмите од седницата се истакнати на веб-локацијата на Кремљ. Според зборовите на Медведев, барањето било зголемено два и пол пати.

„Така што нашите украински партнери ќе треба да платат за сѐ, или ние, како и обично, ќе мораме да донесеме комплицирана одлука“, рече премиерот.

Претходно Русија во случај на неплаќање од страна на Украина ја ограничуваше испораката на гас во републиката. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.