Генерал на НАТО: Русија е закана за териториите на НАТО во Источна Европа

„Експанзионизмот“ на Русија брзо може да стане „очигледна закана за целото наше постоење“, изјавил генерал Адријан Бредшо, заменик-командант на здружените сили на НАТО во Европа, соопштува весникот „Гардијан“.

„Експанзионизмот“ на Русија брзо може да стане „очигледна закана за целото наше постоење“ – оваа изјава, како што соопштува весникот „Гардијан“, ја дал Адријан Бредшо, заменик-командант на здружените сили на НАТО во Европа, зборувајќи во Кралскиот Обединет институт за одбранбени истражувања во Лондон. Според него, Северноатлантската алијанса треба да развива како сили за брза реакција, така и средства, наменети за справување со „руските напори за принуда и пропаганда“.

Зборувајќи за „ера на постојано соперништво со Русија“, Бредшо истакнал дека алијансата на своите источни граници мора да одржува единствен систем за одбрана. 

Како што истакнал Бредшо, Русија веќе демонстрирала дека може за кратко време да собере огромни воени сили, според зборовите на британскиот генерал, тие сили „можат да бидат искористени не само за заплашување и принуда, туку и за освојување на територии на НАТО“, пренесува изданието. 

Според мислењето на Бредшо, во таков случај „најдобар одговор се силите за брза реакција кои во моментов ги формираат Велика Британија, Франција, Шпанија, Италија и Полска. Тие, според мислењето на британскиот генерал, нема да бидат спротивни на постојните договори меѓу Русија и НАТО и истовремено ќе им испратат на Москва „силен сигнал во вид на постојано, мултинационално присуство на НАТО“ во земјите на Источна Европа. 

Во плановите на НАТО исто така треба да влезат не само употреба на вооружените сили, туку и контрирање со „политичка агитација, субверзивна активност, сајбер-напади, непријателска пропаганда, како и со други дестабилизирачки ефекти“, изјавил Бредшо. Тој истакнал дека за тоа ќе треба помош од Европската унија, на пример, за формирање телевизија на руски јазик која би станала алтернатива на „непријателската и речиси смешна неточна пропаганда“ во Русија, соопштува „Гардијан“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.