МНР Украина соопшти дека се подготвува за „тотална војна со Русија“

„Не сакаме да ги исплашиме сите, но се подготвуваме за тотална војна“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Украина Вадим Пристајко денеска во интервју за канадското радио Си-Би-Си, пренесува РИА Новости.

„Влоговите се многу високи. Не сакаме да ги исплашиме сите, но се подготвуваме за тотална војна“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Украина Вадим Пристајко денеска во интервју за канадското радио Си-Би-Си, пренесува РИА Новости.

Според Пристајко, веќе не е доволна помошта во обуката на украинските војници што Канада ја даваше во текот на последната деценија. „Сакаме Канада да испрати смртоносно оружје во Украина. Оружје кое ќе ни овозможи да се одбраниме“, изјави тој.

Покрај испораката на оружје, Пристајко ја истакна важноста на финансиската помош, претходно ветена од Канада и Јапонија.

Во вторникот канадската влада објави дека воведува нови санкции против Русија во врска со  ситуацијата во Донбас. Црната листа ја пополнија со 37 физички лица и 17 компании, меѓу кои е и „Роснефт“.

За тоа време САД продолжуваат да ја разгледуваат можноста за испорака на американско смртоносно вооружување на Украина, особено на противтенковски системи.

Москва многупати изјавуваше дека не учествува во настаните на југоистокот на Украина, не е страна во внатреукраинскиот конфликт и заинтересирана е Украина да ја надмине политичката и украинската криза. Во Москва истакнуваат дека сите обвинувања на нејзина адреса се без докази.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња