Бајден: Руската војска во Украина продолжува со офанзивата

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден во разговорот со претседателот на Украина Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук ја обвини Русија дека ја крши Минската спогодба затоа што, според него, регуларните руски единици продолжуваат со офанзивата на југоистокот на Украина, пренесува РИА Новости.

Потпретседателот на САД Џозеф Бајден во разговорот со претседателот на Украина Петро Порошенко и премиерот Арсениј Јацењук ја обвини Русија дека ја крши Минската спогодба затоа што, според него, регуларните руски единици продолжуваат со офанзивата на југоистокот на Украина.

„Потпретседателот повторно одлучно ја осуди офанзивата на сепаратистите кои ги поддржува Русија во украинскиот град Дебаљцево, кои се директно поддржани од регуларни единици на Русија кои делуваат внатре во Украина, што е очигледно кршење на сите три мински спогодби (двете од септември минатата година и една од февруари), како и на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти Белата куќа, а пренесува РИА Новости.

Белата куќа синоќа ја обвини Русија дека не ја почитува Минската спогодба и изјави дека Вашингтон ќе воведе нови санкции за Русија доколку Москва не почне да ја реализира

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.