Русија и бунтовниците ги чекаат нови санкции доколку не го почитуваат Минскиот договор. Ова, како што соопштува „Интерфакс“, го изјави претставникот на Стејт департментот на САД Џен Псаки.
„Доколку Русија и сепаратистите кои таа ги поддржува продолжат да го кршат договорот, тогаш ќе мора да платат за тоа дополнителна цена. Освен тоа, тоа ќе доведе до нивна понатамошна изолација“, рече Псаки. САД ги осудуваат активностите на бунтовниците во реоните на Дебаљцево и Мариупољ, истакна претставникот на Стејт департментот, нарекувајќи ги континуираните борбени дејствија прекршување на минскиот договор.
Псаки ги повика Русија и бунтовниците „итно да престанат со нападите, да го повлечат тешкото вооружување, да го запрат приливот на борци и муниција од РФ во Украина“. Покрај тоа, претставникот на Стејт департментот побара од бунтовниците да ги запазат „обврските што ги презеле“.
Истовремено Псаки подвлече дека Вашингтон сѐ уште не донел одлука по прашањето за испорака на оружје на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче