Претседателот на РФ Владимир Путин на свечениот концерт по повод 23 февруари - Денот на бранителот на Татковината, изјави за невозможноста да се постигне воена надмоќ над Русија, пренесува INTERFAX.RU.
„Никој не треба да има илузии дека е можно да се постигне воена надмоќ над Русија, да се изврши било каков притисок врз неа, на таквите авантури ние секогаш ќе имаме адекватен одговор. Нашите војници и офицери докажаа дека се подготвени да дејствуваат одлучно, непречено, професионално и храбро, како што ѝ прилега на прекалена, борбено способна модерна армија коja се грижи за своите традиции и војничката должност“, изјави Путин.
Шефот на државата исто така истакна дека руската армија „постојано се усовршува, одговара на најсовремените барања“. Според зборовите на Путин, во последните години биле направени многу нешта за зголемување на ефикасноста на системот за воено раководење.
„Успешно се реализира програмата од големи размери за обнова на вооружувањето на армијата и флотата, меѓу другото и активно се усовршува системот за воздушно-вселенска одбрана и нуклеарните сили. Тоа е гаранција за глобалниот паритет“, рече шефот на државата, додавајќи дека Русија ќе продолжи да прави сѐ што е можно Вооружените сили да го зголемуваат својот потенцијал.
„Ќе потенцирам, под секакви околности плановите за воена изградба ќе бидат исполнети. Без сомнение“ изјави Путин.
Претседателот увери дека државата ќе продолжи да создава за граѓаните пристојни услови за вршење на службата, а ова се однесува на обезбедување постојано службено живеалиште, развој на системот за здравствено и социјално осигурување и изградба на современи воени населби.
Во моментов во Русија се реализира државна програма за вооружување за периодот од 2011-2020 година (ГПВ-2020). Вкупниот обем на финансирање надминува 20 трилиони рубли. До 2020 година руската војска треба да добие до 100 бојни бродови, до 600 нови и 400 модернизирани авиони, околу 1000 хеликоптери, 56 артилериски батерии ЗРС С-400 и десет батерии ЗРС С-500, како и значителен број на оклопна техника од најнова генерација.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче