ЕУ да не се меша во односите меѓу Москва и Њу Делхи

Руската амбасада во Индија објави соопштение во кое ѝ порача на Европската унија да не се меша во односите меѓу Москва и Њу Делхи, пренесе РИА Новости.

Руската амбасада во Индија објави соопштение за печатот во кое ѝ порача на Европската унија да не се меша во односите меѓу Москва и Њу Делхи, туку да се занимава со барање средства за исплата на гасот од страна на Украина и со барање спас за економијата на таа земја, пренесе РИА Новости.

„Европската унија би требало да се замисли како на таа земја (Украина) ќе ѝ ја плати сметката за гас и како ќе ѝ помогне да ја спаси економијата што лета кон пропаст. И најпосле еден вид пријателски совет – не обидувајте се да се мешате во односите на Русија и Индија. Тие се имуни на вакво неосновано, несакано и грубо мешање однадвор“, се истакнува во соопштението на амбасадата.

Во средата, 18 февруари. Амбасадорот на ЕУ во Индија и Бутан Жоао Кравињо изјави дека Индија треба да влијае на Русија и да изрази загриженост за ситуацијата во Украина.

„Повикот на амбасадорот на ЕУ да се влијае врз Русија по прашањето за настаните на истокот на Украина е чисто лицемерство и подмолно извитоперување на основните причини кои доведоа до внатреукраинскиот конфликт“, се истакнува во соопштението на руската дипломатска мисија во Индија. „ЕУ треба да погледне во минатото и да се сети на својата сопствена политика на помирување место да се обидува да ги користи услугите на Индија за обид да се убеди Русија нешто да направи“, наведено е во документот.

Русија и Индија одржуваат партнерски односи од големи размери на полето на воено-техничката соработка: над 70% од вооружувањето и борбената техника на индиската армија, водухопловните сили и морнарицата на земјата се од руско и советско производство.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња