Пушков: Сенатот на Шпанија е попаметен од Обама

Декларацијата што ја донесе шпанскиот парламент кажува дека шпанските политичари го осознаваат она што Барак Обама никако не го сфаќа – Русија не претставува закана за светот, смета Алексеј Пушков, а пренесува РИА Новости.

Декларацијата што ја донесоа шпанските сенатори за заканата која претставува опасност за целото меѓународно општество, кажува дека шпанските политичари го осознаваат она што претседателот на САД Барак Обама никако не го сфаќа – Русија не претставува закана за светот, смета првиот човек на Комитетот за меѓународни работи на Државната дума Алексеј Пушков. Изјавата ја пренесува РИА Новости.  

„Сенатот на Шпанија изјави дека ИД претставува закана за сите земји во светот. Обама ја смета Русија за поопасна од ИД. Судејќи според сѐ, сенатот на Шпанија е попаметен од Обама“, напиша Пушков на својот Твитер профил.

Вчера Горниот дом на парламентот на Шпанија усвои декларација во која ги осуди активностите на џихадистичката организација „Исламска држава“ (ИД) која претставува „закана за општата безбедност“.  

Претходно претседателот на САД Барака Обама често ја нарекуваше позицијата на Русија во однос на Украина „закана за светот“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.