Плановите на Киев за распоредување полициска мисија на Европската унија во зоната на конфликтот во Донбас предизвикува сомнеж дека Украина се обидува „да го поткопа Минскиот договор“, изјави постојаниот претставник на РФ во ООН Виталиј Чуркин, соопштува ТАСС.
Претодно претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека најдобра опција за меѓународно присуство во Украина ќе биде полициската мисија на ЕУ.
„Штотуку е реализиран Минскиот договор. Согласно договорот, Донецката и Луганската република можат да формираат свои полиции, а мониторингот во зоната на раздвојување ќе го врши ОБСЕ“, истакна Виталиj Чуркин.
„Потребно е повлекување на вооружувањето и да не се почнува со предлагање нови иницијативи. А кога место да се прави тоа што е договорено се предлагаат некакви шеми, тогаш тоа пред сѐ предизвикува сомнеж дека се сака да се поткопа Минскиот договор. Тоа е сѐ“, подвлече тој.
Од друга страна, официјалниот претставник на генералниот секретар на ООН Стефан Дјужарик укажа дека за распоредување мисија на ЕУ во Украина не е потребно посебно одобрение од Советот за безбедност. Меѓутоа, според него, добивањето одобрение од СБ може да му даде „поголема легитимност“ на меѓународниот контингент. „Но очигледно, доколку с постави ова прашање во советот, ќе мора да се добие поддршка од Русија и останатите членови“, истакна Дјужарик.
Советот за национална безбедност и одбрана на Украина (СНБО) одобри на седницата денеска обраќање до ООН и ЕУ со барање за испраќање мировен контингент во зоната на конфликтот во Донбас. Барањето беше доставено за разгледување до претседателот Порошенко. Ова на брифингот го изјави секретарот на СНБО Александар Турчинов.
Според него, се предвидува распоредување на меѓународен контингент не само на линијата на разграничување во зоната на конфликтот, туку и долж делот од границата со РФ што не е под контрола на Киев.
Исто така, утврден е план за реализација на мултинационални воени вежби во 2015 година. Како што прецизираше Турчинов, се планира дека на вежбите ќе земат учество „земјите од НАТО и стратешките партнери на Украина“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче