Песков: Министерот за одбрана на Велика Британија не знае што зборува

Прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков се сомнева дека министерот за одбрана на Велика Британија знае што зборува кога ја споредува Русија со Исламската држава (ИД), соопшти ТАСС.

Прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков се сомнева дека министерот за одбрана на Велика Британија знае што зборува кога ја споредува Русија со Исламската држава (ИД), соопшти ТАСС.

„Тој што можел да каже такво нешто, тешко дека ја разбира материјата за која зборува“, изјави Песков за „Рускаја служба новостеј“. Новинарите го замолија секретарот за печат на Владимир Путин да ја коментира изјавата на Мајкл Фалон кој рекол дека рускиот претседател самиот претставува „не помала закана за Европа отколку „Исламската држава“.  

Изјавата на министерот за одбрана на Велика Британија Мајкл Фалон дека Русија наводно претставува закана за балтичките земји, се наоѓа на границата на дипломатската етика, изјави претходно на брифингот официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич.

„Изјавите на господин Фалон, се разбира, се наоѓаат надвор од границите на дипломатската етика, забележа дипломатот. – Таа совршено нетолерантна карактеристика што ја даде тој, некако потсети на минатогодишниот настап на претседателот на САД Барак Обама кој ја стави Русија меѓу трите најважни предизвици на неговата земја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња