Зголемувањето на воената активност на НАТО во близина на руските граници е директна закана за безбедноста на Русија. Ова го изјави на брифингот официјалниот претставник на МНР РФ Александар Лукашевич, соопшти ТАСС.
„Операциите на НАТО до руските граници, зголемувањето на воената активност, вклучително и создавањето оперативни можности за силите за брза реакција на НАТО се директна непосредна закана за националната безбедност на Русија, рече тој. – Ние одамна зборувавме, и тоа го знаат во раководството на НАТО, ние не ја сметаме алијансата за непријателско здружение, но нивните дејствија и одлуки кои ги донесуваат во рамките на концептот на НАТО создаваат сериозна закана не само за руската безбедност, туку и за безбедноста во Евроатлантикот во најширока смисла на тој збор“.
Зајакнувањето на потенцијалот на НАТО во Прибалтикот и во Источна Европа, како и вежбите на алијансата во близина на руските граници не можат да не предизвикуваат вознемиреност, истакна Лукашевич.
„Ова тема како и претходно се пласира во медиумите од страна на НАТО. Континуираната практика на реализација на одлуките од самитот на НАТО во Велс за зајакнување на воениот потенцијал и военото присуство во Источна Европа не може да не предизвикува вознемиреност“, изјави дипломатот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче