Меркел: сакаме да бидеме со Русија, а не против неа

Европската унија ќе се стреми кон обнова на односите со Русија, изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел, пренесува „Русија 24“.

Европската унија ќе се стреми кон обнова на односите со Русија. Ова го изјави канцеларката на Германија Ангела Меркел на заседанието на својата партија „Христијанско-демократски унија“. Канцеларката по традиција настапи пред колегите во „политички чистата среда“.   

На денот кога завршуваат карневалите во земјата главните политички партии одржуваат средби,  пренесува „Русија 24“. Меркел во својот настап истакна дека Европа треба да ги вложи сите напори за обнова на врските со Москва.

„Владите на Германија, Франција и другите европски држави треба да ги преземат сите мерки со цел Украина да има шанса да оди по сопствениот пат и да го зачува територијалниот интегритет, изјави таа. – Но притоа ние сакаме Русија повторно да стане наш партнер. Ние сакаме да го направиме тоа заедно со Русија, а не против неа“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.