Будимпешта е заинтересирана за реализацијата на проектот за транзит на руски гас и без „Јужен тек“ и има намера да бара можности за соработка. Ова го изјави премиерот на Унгарија на заедничката прес-конференција со претседателот на Русија Владимир Путин, известува РИА Новости.
Благодарение на договорите со Русија Унгарија заштедила три милијарди евра кои би требало да ги даде на „Гаспром“ до крајот на 2015 година поради недостаток на гас. Ова го изјави премиерот на Унгариja Виктор Орбан.
Орбан исто така истакна дека владата на Унгарија ветила да не го препродава рускиот гас на Унгарија. Покрај тоа, Будимпешта нема намера да ја поддржи иницијативата на ЕУ за формирање енергетски сојуз кој ќе бара одобрување на договорите за гас од страна на Европската унија. Шефот на владата рече дека Унгарија купува од Русија илјада кубни метри за 260 долари и таа цена „е прифатлива за земјата“.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин соопшти дека „Гаспром“ се согласил да ја ослободи Будимпешта од условот „земи или плати) и да ја премести испораката на неиспорачаните обеми гориво за во иднина.
Виктор Орбан изјави дека Унгарија е заинтересирана за реализацијата на рускиот гас и без „Јужниот тек“. Според неговите зборови, „што и да го замени „Јужен тек“, владата ќе бара начини за соработка. Тој исто така изрази надеж дека новиот гасовод ќе поминува низ Унгарија. Премиерот истакна дека Будимпешта „има двојна одговорност, затоа што преку Унгарија гас добива Србија“. Двете држави веќе ги истакнаа можните предлози, а исто така ги дискутираа и со владата на Грција.
Путин, од своја страна, рече дела враќање на „Јужен тек“ во претходната форма не може да има. Тој додаде дека Русија ја принудиле да се откаже од реализацијата на проектот. „Европскиот парламент донесе одлука согласно која „Јужен тек“ беше признат не само како бесперспективен, туку и штетен за Европската унија. Потоа Европската комисија испрати писмо до Бугарија, во кое бараше да се прекинат сите подготвителни работи“, истакна рускиот претседател.
Русија и Унгарија исто така постигнаа политичка спогодба во однос на договорот за гас. Лидерите на земјите се договорија дека Будимпешта ќе може да го добива неискористениот обем на гас според договорот склучен уште во 1996 година.
Разговорите на Владимир Путин и Виктор Орбан се одржаа во Будимпешта вчера, 17 февруари. Страните дискутираа и за перспективите на изградбата на „Турски тек“ и за продолжување на договорот за гас.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче