Си-Ен-Ен поднесе барање за емитување во Русија

Вo Роскомнадзор примија барање од Си-Ен-Ен за добивање универзална лиценца за емитување на територијата на РФ, пренесе INTERFAX.RU.

Вo Роскомнадзор примија барање од Си-Ен-Ен за добивање универзална лиценца за емитување на територијата на РФ, соопшти прес-секретарот на институцијата Вадим Ампелонски во вторникот. Веста ја пренесува INTERFAX.RU

„Добивме молба за добивање универзална лиценца за емитување во Русија од телевизискиот канал CNN International“, изјави Ампелонски.

„Според законот, имаме триесет дена за разгледување на молбата, меѓутоа, најверојатно, за одлука на институцијата нема да ѝ биде потребен толку долг период. Документите ќе бидат проверени, ќе ги поминат потребните процедури,  по што ќе биде донесена соодветна одлука“, објасни претставникот на институцијата.

Според неговите зборови, „паралелно со поднесувањето на молбата телеканалот се занимава со пререгистрација на руската потврда за регистрациjа на медиуми“.

Минатиот ноември европската филијала на концернот Time Warner упати до руските оператори известување за прекин на емитувањето на Си-Ен-Ен на територијата на земјата од 2015 година. Во Русија претставништвото на Си-Ен-Ен беше отворено во 1983 година,  на почетокот на 1990-те започна со емитување во етерот, а во последно време каналот емитуваше програма само на кабелските и сателитските мрежи.

Првиот човек на Роскомнадзор Александар Жаров изјави дека се подготвени да дискутираат со телевизиската компанија за ситуацијата со престанокот на емитување на територијата на РФ. Според неговите зборови, „не постојат никакви законодавни акти на РФ кои би му пречеле на Си-Ен-Ен да добие универзална лиценција“.

На 27 јануари раководството на Роскомнадзор и телеканалот Си-Ен-Ен одржаа состанок на кој ја искажаа заемната заинтересираност за обнова на емитувањето на каналот во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња