Првпат во историјата на современа Русија на доковите на „Севмаш“ во Северодвинск истовремено течат работите за изградба на неколку нуклеарни подморници, соопшти прес-службата на претпријатието, а пренесува РИА Новости.
Минатата година претпријатието ѝ предаде на морнарицата две нуклеарни подморници со крстосувачки ракети од класите „Јасен“ и „Бореј“ – „Северодвинск“ и „Владимир Мономах“.
„Севмаш“ ја заврши 2014 година со добри резултати. Планираниот обем од нарачките од Министерството за одбрана е реализиран во целост. На доковите во 2014 година беа ставени четири нуклеарни подморници од четврта генерација“, истакна началникот на управата за изградба на подморници Марат Абижанов.
Во најскоро време се планира електромонтажна работа на подморниците-носачи на ракети со боеви глави од класите „Јасен-М“ и „Бореј-А“ – „Казањ“ и „Кнез Владимир“.
Исто така се планира со започнување на изолационите работи на повеќенаменската нуклеарна подморница „Новосибирск“, а „Кнез Олег“ се подготвува за хидраулични испитувања.
Сите нарачки ќе бидат опремени со компоненти од домашни производи, истакнуваат од „Севмаш“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче