Јандекс побара проверка на Гугл

„Јандекс“ денеска поднесе барање Федералната антимонополска служба да го провери Гугл за прекршување на руското антимонополско законодавство, пренесува INTERFAX.RU.

 

„Јандекс“ (Yandex) денеска поднесе барање Федералната антимонополска служба да го провери Гугл за прекршување на руското антимонополско законодавство, соопшти руската интернет-компанија, пренесува INTERFAX.RU.

„Јандекс“ исто така учествува во истрагата на Европската комисија која ја проучува ситуацијата со доминацијата на Гугл на Андроид платформата. „Ние сметаме дека сервисите за корисниците – како што се пребарувањето, картите, поштата итн. – треба да се одвојат од оперативниот систем Андроид“, изјавија од „Јандекс“.

Во 2014 година Гугл забрани претходна инсталација на сите сервиси на „Јандекс“ за мобилните уреди  Fly, Explay и Prestigio. Во „Јандекс“ сметаат дека веројатноста Гугл да продолжи со таквата практика е голема.

Според податоците на Mail.ru, во јануари оваа година околу 70% мобилни интернет-корисници пристапуваа на интернет со помош на три мобилни пребарувачи: Google Chrome (27%), Android Browser (29,5%) и Mobile Safari (13%). Уделот на мобилниот „Јандекс.Пребарувач“, кој присуствува на пазарот веќе околу две години, Mail.ru го проценува на 3,9%.

Според податоците на ресурсот LiveInternet, во јануари оваа година 58,9% од рускиот пазар на интернет-пребарување било удел на „Јандекс“. Втор според уделот на пазарот (32,8%) е Гугл. Притоа уделот на Гугл постепено расне за сметка на други учесници.  

Политиката на Гугл во однос на производителите на паметни телефони од 2013 година е предмет на антимонополска истрага на Европската комисија. „Јандекс“ учествува во оваа постапка во својство на сведок.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.