Врвот на инфлацијата во Русија ќе дојде во јуни 2015 година, кога растот на цените на годишно ниво би можел да достигне 17,4 проценти, а не во март, како што се очекуваше претходно. Ова е наведено во прецизираната прогноза на Министерството за развој на РФ.
Ризиците за пречекорување на прогнозата за инфлацијата за 2015 година од 12,2, проценти остануваат високи, иако влијанието на производственото ембарго врз динамиката на цените се намали. Во првото полугодие, како што очекуваат во Министерството, растот на цените ќе остане висок поради падот на курсот на рубљата на крајот на 2014 година од повеќе од 70 проценти.
„Според претходната проценка, во првиот квартал инфлацијата просечно за еден месец изнесува 2,2-2,3 проценти“, се вели во прогнозата. До крајот на 2015 година растот на цените ќе изнесува 12-12,4 проценти, просечно годишно ќе изнесува 15,8 проценти во однос на претходната година.
Порастот на цените на производите, според прогнозата, ќе ја надмине општата инфлација и ќе достигне во првото полугодие 23,8 проценти годишно. На крајот на 2015-та растот на цените на производите ќе изнесува 15 проценти.
Ризикот за пречекорување на прогнозата за инфлацијата е поврзан со можното понатамошно слабеење на рубљата, се истакнува во прогнозата.
На 5 февруари Росстат го оцени јануарскиот индекс со 3,9 проценти, што претставува рекорд за последните 16 години. На 9 февруари првиот човек на Министерството за економски развој Алексеј Уљукаев предвиде врв на инфлацијата во март од 15-17 проценти.
Оваа граница беше достигната еден месец претходно: на 12 февруари, според податоците на Росстат, инфлацијата изнесуваше 15,6 проценти. Morgan Stanley предвидува дека на крајот на 2015 година инфлацијата во Русија ќе изнесува 13,7 проценти. Согласно обновената прогноза на Министерството за економски развој, овој показател изнесува колку и проценката на Централната банка – 12 проценти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче