Вчера, во понеделникот, започна последната, подготвителна недела пред Велики пости. Од тој ден не е дозволена употреба на мрсна храна, но се уште се јаде млечна, поради што овој период се нарекува сирна недела или Масленица.
Народните традиции налагаат во Масленичната недела веселба и гоштевање, а црковните – посета на блиските и пријателите, да се поделат со нив јадењата што лично сте ги приготвиле, да се смирите со сите пред Велики пости и да се потрудите да не навредите некого.
Времето можете да го поминете со семејството на панаѓур – само во Москва и Подмосковјето се очекуваат повеќе од 200 празнични манифестации, вклучувајќи народни собори, изложби во музеи и на други познати места. Со традиционалното јадење – палачинките- ќе можете да се нагостите во текот на неделата во сите московски паркови.
Масленица завршува со Проштална недела (Прочка), кога е обичај со поклонување и бакнежи да се бара прошка.
На 23 февруари започнуваат Велики пости, кои се крунисани со празникот Воскресение Христово – Велигден. Оваа година најважниот христијански празник се одбележува на 12 април.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче