Шестмина руски фудбалери се меѓу најперспективните на светот

Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) ја објави ранг-листата на најперспективните фудбалери во светот во која има и шестмина Руси, соопшти INTERFAX.RU.

Меѓународниот центар за спортски истражувања (CIES) ја објави ранг-листата на најперспективните фудбалери во светот, соопшти INTERFAX.RU.

Според документот објавен на сајтот на CIES, шестмина руски фудбалери се најдоа во категоријата U20 (играчи родени по 1-ви јануари 1995): голманите Виталиј Гудиев („Терек“), Мирослав Лобанцев („Локомотив“), Антон Митрјушкин („Спартак“), Сергеј Ревјакин (ЦСКА), одбранбениот играч Емир Набиулин („Рубин“) и играчот од средниот ред Алексеј Миранчук („Локомотив“).

Во категориите U21, U22 и U23 нема руски претставници.

Освен Руси, на ранг-листата се најдоа и тројца странци кои настапуваат во шампионатот на РФ: Георги Миланов, Ахмед Муса (двајцата од „ЦСКА“), Џано Ананиѕе („Спартак“).

Според податоците на CIES, ранг-листата се базира на времето поминато во игра за првиот тим. За овој показател се применуваа коефициенти кои овозможуваа споредба на фудбалери од различни првенства.

Се истакнува дека според класификацијата на CIES претставниците на Руската премиер-лига се во втората група на „лига од средно ниво“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.