Одлуката на Врховната рада да им ги одземе акредитациите на руските новинари за органите на државната власт претставува продолжение на политиката на чистка во информативниот простор на Украина, сметаат во МНР РФ, пренесува РИА Новости.
„Отворено дискриминаторската одлука на Врховната рада да им ги одземе акредитациите на претставниците на руските медиуми при украинските органи на државната власт претставува продолжение на политиката на чистка во информативниот простор на земјата во кој нема место за алтернативни гледишта“, се вели во коментарот на Министерството за надворешни работи на РФ објавен денеска.
Како што беше објавено денеска на сајтот на Радата, указот за привремена суспензија на акредитациите за новинарите на некои руски медиуми во органите на државната власт на Украина е потпишан на 17 февруари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче