Логиката на ЕУ при донесувањето нови санкции е невозможно да се сфати

Логиката на Европската унија при донесувањето нови антируски санкции е невозможно да се сфати, смета заменик-директорот на одделот за информација и печат на МНР РФ Марија Захарова.

Логиката на Европската унија при донесувањето нови антируски санкции е невозможно да се сфати, смета заменик-директорот на одделот за информација и печат на МНР РФ Марија Захарова.  

„Логиката на ЕУ е невозможно да се сфати“, изјави таа во програмата на каналот Лајф Њуз телевизијата коментирајќи го стапувањето на сила на новите антируски санкции, пренесува РИА Новости.

Исто така, таа истакна дека новите санкции беа разработени пред склучувањето на Минскиот договор и нивното стапување на сила зависеше од развојот на Минскиот процес. Меѓутоа европската страна сепак се реши во полза на зајакнувањето на притисокот врз РФ.

„Јас лично за себе не можам да разберам од што се мотивирани „санкциите“, резимира Захарова. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња