Државна дума на РФ: „Je suis Кобзон“

Министерството за култура на Русија нема да се залага за воведување санкции како одговор на ставањето на пејачот и пратеник на Државната дума Јосиф Кобзон на црната листа на ЕУ, пренесува ТАСС.

Министерството за култура на Русија нема да се залага за воведување санкции како одговор на ставањето на пејачот и пратеник на Државната дума Јосиф Кобзон на црната листа на ЕУ. Според министерот за култура Владимир Медински, во ЕУ нема естрадни уметници на тоа ниво.

„Ние не планираме реципрочни мерки, затоа што јас не гледам во тие земји културни дејци на ниво на Кобзон. Такви нема, го цитира Владимир Медински „Интерфакс“. – А да ставиме под санкции естрадни уметници или други културни дејци со пониско ниво е бесмислено“.

Од своја страна, пратениците на Државната дума истапија во заштита на лицата ставени на црната листа на ЕУ: првиот заменик-претседател на комитетот за култура на Државната дума, познатиот пејач Јосиф Кобзон, како и на челникот на Московскиот градски комитет на КПРФ Валериј Рашкин.

„Ние во рускиот парламент подеднакво сме навредени од тоа што вчера беа воведени санкции против нашите достојни и почитувани колеги Јосиф Кобзон и Валериј  Рашкин“, изјави првиот човек на комитетот за образование на Државната дума Вјачеслав Никонов. „Јосиф Давидович, Валериј Фјодорович, ние сме со вас.  Ако тие сите се „Шарли“, тогаш ние сите сме Кобзон, и ние сите сме Рашкин“, истакна Никонов, а пренесува ТАСС.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња