Министерството за одбрана на Русија работи со низа земји од Латинска Америка на можноста за отворање на нивна територија пунктови за логистичка поддршка за руската армија. За отворање на воени бази не станува збор, изјави заменик-министерот за одбрана Анатолиј Антонов, информира INTERFAX.RU.
Заменик-министерот објасни дека отворањето пунктови за логистика подразбира укажување на потребната техничка поддршка за бродовите на ВМФ, доколку е потребна, и снабдување на екипажите со намирници.
„Станува збор за укажување помош на нашите бродови кои се наоѓаат на долги патувања, обезбедување со вода, одмор на екипажот. И, се разбира, за тековен ремонт на бродовите, доколку е потребно“, изјави Антонов.
Истовремено тој истакна дека се работи и на можноста за поедноставен пристап на руските воени бродови во пристаништата на земјите од тој регион.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче