Русија не преговарала, ниту ќе преговара со ЕУ за укинување на санкциите

Русија „не водела и нема намера со Европската унија да води преговори за укинување на санкциите“, изјави денеска за ТАСС постојаниот претставник на РФ при ЕУ Владимир Чижов.

Русија „не водела и нема намера со Европската унија да води преговори за укинување на санкциите“, изјави денеска во интервјуто за ТАСС постојаниот претставник на РФ при ЕУ Владимир Чижов. 

Според него, Русија „не водела и нема намера да води со ЕУ преговори за укинување на санкциите. Тоа е проблем што го создаде Европската унија, таа и нека го решава.“ „Ни се обраќаа партнерите од институциите на ЕУ, предлагајќи да разговараме за укинување на санкциите. Односно за она што Русија треба да го стори за да бидат укинати санкциите. Ние не влегуваме во такво пазарење“, истакна тој.

Постојаниот претставник на Русија во ЕУ смета дека во моментов „ниту големите ниту малите земји не се заинтересирани за продолжување на економските санкции“. „Не се заинтересирани дури ни оние земји кои се најгласни во барањата за заострување на санкциите. Тоа се политички игри. Освен тоа, гласот на европскиот бизнис на оваа тема е сѐ посилен, и тоа не само на големите компании кои со децении работат на нашиот пазар, туку и на малиот и средниот бизнис за кои овие судири се уште поштетни, како  и на синдикатите“, истакнува Чижов.

„Штета од санкциите трпи, се разбира, и руската економија, но и економијата на ЕУ. Се повикувам на изјавата на министерот за надворешни работи на Шпанија кој штетата што ја трпи европската економија ја процени на 21 милијарда евра. Не ја исклучувам можноста штетата да е поголема“, изјави претставникот на Руската Федерација.

Најголема полза од „војната со санкции“ меѓу ЕУ и РФ имаат САД, кои на тој начин ја слабеат економијата на своите конкуренти, смета Чижов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња