Претседателите на РФ Владимир Путин, на Франција Франсоа Оллнд, Украина Петро Порошенко и канцеларката на Германија Ангела Меркел во текот на телефонскиот разговор разговараа за реализацијата на пакетот-мерки за мирно решавање на кризата на југоистокот на Украина. Ова го соопшти прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
Учесниците во разговорот дискутираа за сложената ситуација во реонот на Дебаљцево, како и улогата на мисијата на ОБСЕ во процесот за контрола на почитувањето на прекинот на огнот, истакнуваат од Кремљ.
Договорот за прекин на огнот во Донбас стапи на сила во неделата на полноќ.
„Посебен акцент беше ставен на потребата од строго почитување на сеопфатниот прекин на огнот што стапи на сила од страна на спротивставените страни и почетокот на повлекувањето на тешкото вооружување“, се вели во соопштението.
Учесниците во разговорот исто така се согласија „за параметрите за понатамошната заедничка работа во контекст на соработката за исполнување на минскиот договор“.
Петро Порошенко во телефонскиот разговор нагласил дека за повлекување на воената техника и тешкото вооружување на истокот на Украина потребен е целосен и безусловен прекин на огнот.
Лидерите се договорија да ги продолжат разговорите во „Нормандиски формат“ денеска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче