Европската Унија треба да инвестира во „Турски тек“

Според министерот за надворешни работи на Унгарија, Русија ќе остане клучен партнер во обезбедувањето енергија за Централна Европа, соопшти Hungary Today, а пренесува РИА Новости.

Посетата на претседателот на Русија Владимир Путин на Будимпешта ќе има решавачко значење за одржување на сигурноста за снабдувањето со енергија во Унгарија, изјави министерот за надворешни работи на земјата Петер Сијарто, соопшти Hungary Today, а пренесува РИА Новости.

Според министерот, Русија ќе остане клучен партнер во обезбедувањето енергија за Централна Европа. Тој исто така истакна дека РФ е трет по големина трговски партнер на Унгарија, а неодамнешното намалување на обемот на билатералната трговија имаше „многу сериозно“ влијание врз економските показатели на земјата. Во врска со тоа прашањата за начините за зголемување на обемот на билатералната трговија ќе се најдат на агендата утре, 17 февруари, кога претседателот на Руската Федерација ќе пристигне во официјална посета.

Сијарто исто така истакна дека постојат многу прашања поврзани со изградбата на „Турски тек“, особено кога Европа ќе може да добива руски гас преку Турција и кој ќе ја финансира изградбата на цевководот. Во врска со тоа Сијарто изјави дека Европската унија треба да земе учество во проектот, затоа што енергетската сигурност во Централна Европа е „паневропска работа".

Претходно помошникот на претседателот на РФ Јуриј Ушаков изјави дека Владимир Путин во текот на својата посета на Унгарија ќе дискутира со раководството на земјата за можната соработка во рамките на проектот „Турски тек“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња