Во Русија од 1 март ќе почне голема земјишна реформа.
Од тој датум ќе важи нов систем за давање земјишни парцели на граѓани и правни лица и пренос на државно земјиште во општинска сопственост. Сега ќе може да се купи земја по цена значително пониска од пазарната.
Покрај тоа, за првпат ќе се формира листа на случаи кога властите ќе можат да одбијат продажба на земјиште, изјави за „Росијскаја газета“ заменик-министерот за економски развој Павел Королев.
Тој истакна дека законот исто така, за првпат ќе воведе унифицирани норми за конфискување и резервирање на земјишни парцели за државни и општински потреби, но тоа нема да се однесува на земјоделското земјиште.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче