The Economist: Западот мисли дека сојузот на Путин и Орбан отишол предалеку

Многумина на Запад мислат дека сојузот меѓу Путин и Орбан отишол предалеку, пишува The Economist.

Многумина на Запад мислат дека сојузот на рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан отишол предалеку, пишува The Economist во пресрет на посетата на рускиот претседател на Унгарија.

Во светлината на украинската криза и односите на Орбан со Москва Унгарија се најде во центарот на вниманието, забележува британскиот магазин. Унгарскиот премиер мора да балансира меѓу желбата да се воспостават поблиски контакти со Руската Федерација и потребата да ги исполни своите обврски кон ЕУ и НАТО.

Весникот потсетува дека Русија е најголем трговски партнер на Унгарија надвор од ЕУ. Самиот Орбан, вели The Economist, изјавуваше дека во светлината на губењето на влијанието на САД во Источна Европа потребно е фокусирање врз Германија и Русија.

И стравовите на Западот за стремежот кон автократија на Орбан се зголемуваат. Во 2014 година, ЕУ беше вознемирена од изјавите на унгарскиот премиер дека Унгарија ќе остане демократија, но во тој случај ќе стане „нелиберална држава“, потсетува списанието.

Претстојната средба на двајцата лидери ќе биде посветена пред сѐ на преговорите за продолжување на договорот за гас меѓу Унгарија и РФ кој истекува оваа година. Во исто време, Владимир Путин, од гледна точка на The Economist, има намера „да му демонстрира на светот дека не е толку изолиран како што некои мислат“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња