Претседателот на РФ Владимир Путин изјави дека во современиот свет има многу екстремистички организации и дека Русија доследно ќе се бори против нив.
„Духот е пуштен од шишето и тука веќе не се може ништо, со тоа мораме да се бориме и тоа доследно ќе го правиме. И секако, не се работи само за екстремисти од исламска провиниенција: во современиот свет има навистина многу екстремисти“, изјави Путин денес на средбата со претставници на организациите на ветерани. Средбата беше одржана по повод годишнината од повлекувањето на советската војска од Авганистан.
Претседателот на Русија истакна дека во Авганистан Русија се соочила со она што денес се нарекува политички ислам. Според него, во тоа време почнувале да се формираат екстремистички организации кои биле вештачки одржувани однадвор.
„Потоа, оние што го правеа тоа самите страдаа поради она што го сторија. Ние знаеме за трагичните настани и во САД и во многу други земји; сосема неодамна се соочивме и бевме сведоци на такви трагични настани во Европа“, изјави Путин.
Шефот на државата истакна дека луѓето кои зеле учество во борбените дејствија во Авганистан, војувале „чесно, вистински другарувале, си помагале еден на друг“. Освен тоа, Путин го поддржа предлогот на претставниците на ветеранските организации да им се дозволи на младите кои служеле во жаришта, да учат на факултет на државна сметка.
Одлуката за поддршка на комунистичкиот режим на Авганистан и за влез во земјата на ограничен контингент трупи советското раководство ја донесе во 1979 година. Борбените дејствија со муџахединските единици траеја повеќе од девет години. Во текот на Авганистанската војна загинаа, според различни процени, од 15 до 26 илјади советски војници. Уште 54 илјади беа ранети. Повлекувањето на советските трупи од Авганистан заврши на 15 февруари 1989 година.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче