Шефот на комитетот на Државната дума за меѓународни работи Алексеј Пушков смета дека е преуранет предлогот за доделување Нобелова награда за мир на канцеларката на Германија Ангела Меркел за нејзиниот придонес во решавањето на кризата во Украина, пренесува ТАСС.
„Во Бундестагот предложија да ѝ се додели на Меркел Нобелова награда за мир. Нели е рано? И зарем Минск-2 не е заедничко постигнување на Меркел, Оланд и Путин?“, напиша Пушков на својот профил на Твитер.
Предлогот за доделување Нобелова награда за мир на Меркел во интервју за весникот Билд ам Зонтаг го даде претседателот на германско-украинската парламентарна група в Бундестагот Карл-Георг Велман.
Според него, ако последниот договор постигнат во Минск доведе до долгорочен мир, „доделувањето Нобелова награда за мир за таквите постигнувања ќе биде логичен чекор.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче