„Нормандиската четворка“ денес ќе разговара за почитувањето на прекинот на огнот

Путин, Оланд, Меркел и Порошенко ќе разговараат за почитувањето на прекинот на огнот во Украина, пренесува ТАСС.

Во текот на телефонскиот разговор вчера претседателот на РФ Владимир Путин, канцеларката на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд ја акцентираа важноста на безусловното почитување од спротивставените страни на сите одредби од донесениот на 12 февруари во Минск од Контакт-групата пакет-мерки, наменет за мирно решавање на ситуацијата на југоистокот на Украина. Информацијата е објавена на сајтот на претседателот на Русија, пренесува ТАСС.

„Потврден е постигнатиот договор во Минск за одржување во најскоро време на телефонски контакт на највисоко ниво во рамките на „нормандискиот формат“, се истакнува во соопштението.

Како што соопшти Елисејската палата, чие соопштение го цитира ТАСС, во  саботата се одржале два телефонски разговора. Едниот го одржале Путин, Оланд и Меркел, а вториот – Оланд, Меркел и претседателот на Украина Петро Порошенко. „Тие се договорија да му се вратат на разговорот во недела попладне за да ја одржат првата „синхронизација“ во однос на примената на договорот за прекин на огнот“, додадоа во Елисејската палата.

Оттаму укажаа дека претстојниот телефонски разговор ќе се одржи во „нормандиски формат“ – истовремено меѓу Путин, Оланд, Меркел и Порошенко.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.