Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров и државниот секретар на САД Џон Кери ја истакнаа важноста на прекинот на огнот во Украина, известува INTERFAX.RU.
„Шефовите на дипломатиите на Русија и САД ја нагласија важноста страните во конфликтот строго да го почитуваат прекинот на огнот кој требаше да биде воспоставен на полноќ на 15 февруари“, се вели во соопштението на Фејсбук-профилот на МНР.
Како што се истакнува во соопштението, договорот за прекин на огнот, постигнат во Минск со учество на лидерите на земјите од „Нормандиски формат“, ја вклучува обврската на Киев „да ја симне финансиско-економската блокада врз југоистокот на Украина, да даде амнестија, до крајот на годината да спроведе уставна реформа и да донесе закон за посебен статус на Донбас“.
Разговорот меѓу Лавров и Кери се одржал на американска иницијатива, истакнаа од руското министерство.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче