Сергеј Шојгу се сретна со Раул Кастро на Куба

Руско-кубанските односи во воената и воено-техничката сфера се развиваат конструктивно, изјави министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу во текот на средбата со Раул Кастро, пренесува INTERFAX.RU.

Руско-кубанските односи во воената и воено-техничката сфера се развиваат конструктивно, изјави министерот за одбрана на РФ генералот на армија Сергеј Шојгу во текот на средбата со претседателот на Државниот совет и на Советот на министри на Куба генералот на армија Раул Кастро, пренесува INTERFAX.RU.

„Нашите односи во воената сфера се развиваат конструктивно. Ѝ благодариме на кубанската страна за укажаниот дочек за руските воени бродови и чамци во текот на влегувањето во пристаништето Хавана. Заинтересирани сме за проширување на соработката во воено-поморската сфера“, изјави Шојгу.

Според него, се има богато искуство во подготовката на кубански кадри во руските воени високообразовни установи. „Во таа насока за соработка гледаме добра перспектива“, рече министерот за одбран на РФ.

Тој покани воени делегации на Куба да земат учество во планираните за тековната година меѓународни натпреварувања во тенковски биатлон, меѓународните армиски игри, во четвртата конференција за меѓународна безбедност и меѓународниот воено-технички форум „Армија-2015“.

Шефот на кубанската држава изјави дека кубански воени делегации задолжително ќе земат учество во наведените манифестации.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња