Русија и Кина за партнерство во атомската енергетика

Развојот на соработката меѓу Русија и Кина во атомската енергетика беше дискутиран денеска во Москва, пренесува РИА Новости.

Развојот на соработката меѓу Русија и Кина во атомската енергетика беше дискутиран денеска во Москва, соопшти одделот за комуникација на државната корпорација „Росатом“. Дискусијата се одржа на ниво на генералниот директор на Сергеј Кириенко и првиот човек на Кинеската државна нуклеарна корпорација CNNC Сан Чин, пренесува РИА Новости.

„На средбата беа дискутирани перспективите за соработка во атомската енергетика меѓу двете корпорации “, се вели во соопштението.

Државната корпорација Росатом се грижи за спроведување на државната политика и за единствен менаџмент во употребата на атомската енергија, стабилно функционирање на индустриските комплекси за атомска енергија и атомско вооружување, нуклеарна и радијациона безбедност. Исто така ѝ се доверени задачи за исполнување на меѓународните обврски на Русија на полето на мирна употреба на атомската енергија и неширење на нуклеарни материјали.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.