Путин и Назарбаев дискутираа за Минск-2

Претседателот на Русиja и претседателот на Казахстан телефонски дискутираа за исходот од средбата во Минск, како и за прашања за економската интеграција, соопшти „Интерфакс“.

Претседателот на Русиja Владимир Путин и претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев телефонски дискутираа за исходот од средбата во Минск, како и за прашања за економската интеграција. Ова го соопшти „Интерфакс“, повикувајќи се на прес-службата на Кремљ.

„Темелно се разговараше за исходот од Минската средба. Се разговараше и за некои прашања за евроазиската економска интеграција“, се вели во соопштението.

Прес-службата на претседателот на Казахстан во соопштението за телефонскиот разговор ги цитираше зборовите на Назарбаев дека „токму  средбата на „Нормандиската четворка“ на највисоко ниво и, особено, активната позиција на Владимир Путин на разговорите придонеле за постигнувањето договор во Минск“.

Во текотна разговорот рускиот претседател исто така ја потврдил подготвеноста да земе учество во трилатералната средба на челниците на Белорусија, Казахстан и Русија во Астана за разгледување на заедничката работа на полето на економијата.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња