Занер: ОБСЕ не виде руска војска во Украина

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Занер изјави дека „не видел руска војска“ во Украина., пренесува ТАСС.

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Занер изјави дека „не видел руска војска“ во Украина. Тој исто така изјави: „Минскиот договор е најдобрата можност што ја имаме сега. Ние треба да направиме сѐ за негова реализација“, пренесува ТАСС:

Оваа изјава ја даде во рамките на форумот „15 години координирање проекти на ОБСЕ во Украина: поглед во минатото за дефинирање на понатамошна стратегија за помош на земјата“.

Претходно поранешниот раководител на воениот комитет на Северноатлантската алијанса, германскиот генерал во пензија Харалд Кујат во програмата на германскиот ТВ-канал ARD‏ исто така изјави дека руската регуларна армија не учествува во борбените дејствија на истокот на Украина.

Истовремено шефот на специјалната мисија за мониторинг на ОБСЕ во Украина Ергутрул изјави дека ОБСЕ е подготвена да врши општ мониторинг на руско-украинската граница, доколку на припадниците на мисијата им се гарантира безбедност.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.