Министерството за култура подготви амандмани на законот за библиотеките кои се однесуваат на создавање Национална електронска библиотека. Ова го изјави заменик-министерот за култура на РФ Григориј Ивлиев, отворајќи ја научно-практичната конференција „Библиотеки, музеи: основни насоки за интеракција и соработка“, пренесува INTERFAX.RU.
Според зборовите на Ивлиев, документот веќе помина на јавна расправа. Тој изјави дека Националната електронска библиотека ќе обезбеди бесплатен и неограничен пристап на Русите до литература, но притоа ќе бидат запазени сите авторски права.
„Правата за многу книги се скапи – ние тие пари од буџетите ги наоѓаме и ќе ги наоѓаме“, истакна тој, забележувајќи дека „пристапот до знаењето е примарен, а онлајн-пристапот за целата земја, далечинскиот пристап е неопходен за развојот на Русија.“
Националната електронска библиотека ќе претставува државен електронски систем. За нејзино создавање ќе се користи не само содржината на библиотеките, но, исто така, и на архивите и музеите.
„Ние ќе обезбедиме и пристап до нискотиражните изданија на научните центри, факултетите, библиотеките итн.“, изјави Ивлиев. Тој истакна дека за неколку години Министерството за култура ќе биде подготвено да ја дигитализира „секоја публикација која ќе ја имаат и научниците, и студентите.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче