Спикерот на Државната дума Сергеј Наришкин обвини некои западни земји за започнување нова „студена војна“, пренесува ТАСС.
„Во моментов Европа и Русија преживуваат сложени времиња. Група западни политичари и група западни земји започнаа нова „студена војна“, изјави тој денес при посетата на „Устинов“ Балтичкиот државен технички универзитет „Военмех“ во Петербург. „Тие сакаат да ги заборават лекциите од историјата и не сакаат да го послушаат гласот на разумот“, истакна Наришкин.
Меѓутоа, убеден е спикерот, „глобалниот систем во моментов е во процес на трансформација и го напушта еднополарниот систем в светот, влијанието на САД се намалува.“
„Политиката на САД доведе до илјадници жртви во Авганистан, Ирак, Сирија и сега, за жал, во Украина“, рече претседателот на Долниот дом на рускиот парламент.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче