Претседателот на РФ Владимир Путин ја даде следнава изјава по 16-часовните разговори на „Нормандиската четворка“ во Минск:
„Се договоривме, според мене, за многу нешта. Како прво – се договоривме за прекин на огнот од нула часот на 15 февруари", рече рускиот лидер.
Втората позиција која претседателот на РФ ја смета за исклучително важна е повлекувањето на тешкото вооружување „од моменталната линија на судир за украинската војска и од линијата, означена на 19 септември минатата година во Минската спогодба – за борците на Донбас.“
Путин изјави дека на крајот на разговорите се потпишани два документа.
„Штотуку беше потпишан документ од Минската контакт-група, се вика пакет-мерки наменети за имплементација на Минската спогодба“, нешто слично на тоа“, изјави Путин откако имаше малку мака да го каже точниот назив на документот.
Според него, „вториот документ е без потписи, тоа е изјавата на претседателот на Франција, претседателот на Украина, вашиот покорен слуга и канцеларот на СРГ дека ние го поддржуваме овој процес.“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче