Позитивното салдо на надворешната трговија на Русија (според платниот биланс) во 2014 година се зголемило за 3,7% - на $188,660 милијарди во споредба со $181,939 милијарди во 2013 година, според информацијата на Централната банка на РФ што ја пренесува INTERFAX.RU.
Новата пресметка на надворешно-трговскиот суфицит објавена од ЦБ е од почетокот на јануари ($185,6 милијарди).
Во споредба со рекордниот надворешно-трговски суфицит од 2011 година ($196,854 милијарди), резултатот за 2014 година е помал за 4,2%.
Обемот на рускиот извоз во 2014 година ($496,660 милијарди) се намалил за 5,1% во споредба со 2013 година ($523,275 милијарди). Максимален годишен извоз е регистриран во 2012 година - $527,434 милијарди.
Обемот на увоз во 2014 година се намалил во споредба со рекордната вредност за 2013 година ($341,337 милијарди) за 9,8% - на $308,001 милијарди. Ова е минималната вредност за последните четири години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче